Маските нема да бидат единствена заштита – Ќе се носат ли и очила за заштита од коронавирус?!

Кинески научници во неодамнешна студија откриле дека луѓето кои носат очила имаат помал ризик од инфекција со коронавирус, а исто така забележаа дека од појавата на епидемијата во декември 2019 година, пациенти кои имаат диоптрија помалку страдаат од Ковид-19.
Кога го забележале ова, тие собрале медицински податоци од сите пациенти кои носеле очила, а со истражувањето понатаму откриле дека само 16 од 276 пациенти кои страдале од Ковид-19 биле луѓе кои носеле очила подолго од осум часа на ден, пишува Science Alert.


Бидејќи сите пациенти опфатени во студијата биле кратковиди, истражувачите анализирале податоци за нивниот број во кинеската провинција, но исто така и во болницата во провинцијата Хубеи и откриле дека 35,1 процент од сите пациенти со Ковид-19 биле исто така кратковиди. Ова пак значи дека процентот на кратковиди пациенти е пет пати помал отколку што се очекувало.
Потребно е повеќе истражување
Важно е да се нагласи дека ова е само една студија и дека се потребни повеќе истражувања, поради што научниците кои ја спроведоа сè уште не препорачуваат воведување на дополнителни заштитни мерки како што се очила, сè додека не се потврдат резултатите.
Имено, за вирусна инфекција важно е како вирусот ќе влезе во организмот. Кожата како најголем човечки орган добро го штити организмот, спречува преминување на вируси и бактерии во нашето тело. Но, мембраните кои ги покриваат дишните патишта, дигестивниот систем и човечките очи, се многу потенки, за да можат кислородот, храната и светлината да влезат во нашиот организам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.