„СпејсИкс“ побара од Пентагон значително зголемување на надоместоците за користење на сателитската мрежа „Старлинк“ во американските воени операции против Иран, објави „Ројтерс“.
Според агенцијата, која се повикува на извори запознаени со преговорите и документите на Министерството за одбрана на САД, спорот меѓу SpaceX и Пентагон избувнал околу употребата на системот Starlink на американските камикази-дронови LUCAS, кои биле користени во напади врз ирански цели.
„Спејс Екс“ процени дека војската користи понапредно ниво на услуга од првично договореното и побара зголемување на месечната такса од околу 5.000 долари на 25.000 долари по терминал.
Пентагон првично го оспори зголемувањето на цената, велејќи дека поскапиот пакет се однесува на авиони, а не на беспилотни летала што го користат системот за кратки временски периоди, но на крајот ги прифати новите услови, кои речиси ја дуплираа цената на секој дрон LUCAS.
Ројтерс наведува дека тензиите се дополнително засилени поради преговорите за планот да им се овозможи на иранските граѓани директна мобилна комуникација преку мрежата Старлинк, со цел да се заобиколат ограничувањата и интернет блокадите наметнати од властите во Техеран.
На Пентагон му беше понуден од SpaceX систем за сателитско поврзување на мобилни телефони без потреба од копнени терминали, со цена од дури 500 милиони долари за започнување на услугата и дополнителни 100 милиони долари месечно за нејзино одржување.
Министерството за одбрана на САД не ги коментираше обвинувањата за цените, но рече дека работи на пронаоѓање алтернативни даватели на сателитски комуникации.
Starlink стана клучен дел од воените операции на САД и модерното војување во последниве години, особено по почетокот на војната во Украина во 2022 година. SpaceX моментално има мрежа од околу 10.000 сателити, што е најголемата сателитска констелација во светот.
The post Маск бара повеќе пари од Пентагон appeared first on Во Центар.



