четврток, 12 ноември 2026
Најново

Маск: Трамп многу брзо ќе го реши украинскиот конфликт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Решавањето на конфликтот во Украина е можно, но за тоа е потребно силно лидерство во Соединетите Американски Држави, изјави американскиот бизнисмен Илон Маск.– Постои начин да се реши (конфликтот), но за тоа е потребно силно лидерство во САД – истакна Маск за време на онлајн дискусијата со копретседателката на германската партија Алтернатива за Германија и кандидат за канцелар Алис Вајдел на социјалната мрежа X.Тој нагласи дека многу луѓе веќе загинале за време на конфликтот.Тој исто така посочи дека Украина нема долго да издржи во конфликтот против Русија.Маск изрази уверување дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може „прилично брзо да го реши конфликтот во Украина“, иако во разговорот со Вајдел одби да коментира како идниот американски лидер има намера да го стори тоа.Вајдел оцени дека завршувањето на конфликтот во Украина би било многу добро.Според неа, европските политичари не се способни да го решат конфликтот и немаат стратегија.Да потсетиме дека за време на предизборната кампања Трамп го стави решавањето на украинската криза еден од своите приоритети.

Поврзани вести