Маск ја спореди идејата за влез на Украина во НАТО со почеток на филм за нуклеарна апокалипса

Американскиот претприемач Илон Маск ја спореди идејата за влез на Украина во НАТО со почеток на филм за нуклеарна апокалипса.

Маск се огласи на социјалната мрежа Х, каде што коментираше објава со видео од обраќањето на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба. Шефот на Стејт департментот за време на говорот рече дека Украина „ќе стане членка на НАТО“.

„Тоа е буквално почеток на филм за нуклеарна апокалипса“, напиша Маск под објавата.

Пронајдете не на следниве мрежи: