Маслиново масло за бронзен тен

Сезоната на одмори веќе на големо започна. Високите температури оваа седмица само придонесоа за тоа. Иако можеби се уште не знаете кога ќе заминете на плажа не лошо да почнете да размислувате како да се подготвите. И, секако, за на плажа најважни се костимот за капење, очилата и сретството за сончање. Редовно го носите, супер. Но, никогаш не е на одмет да откриете и нешто ново.
Маслиновото масло е корисно за зачувување на еластичноста на кожата, ја навлажнува сувата кожа, го враќа нејзиниот сјај, па затоа е и многу корисно во летните денови.
Маслиновото масло содржи висока концентрација на антиоксиданси кои го забрзуваат ефектот на УВ зраците на нашата кожа, но тоа не може во потполност да не заштити од сонце иако може да биде многу покорисно од различни производи за сончање кои се продаваат.

Како се користи на плажа
Тенок слој маслиново масло нанесете на кожата наутро пред да заминете на плажа и навечер по сончањето. Маслиновото масло кое ќе го нанесете навечер отстранете го по 15-на минути со млак туш.
Внимавајте да не бидете изложени на сонце без крем со заштитен фактор по 11 часот наутро. Значи, маслиновото масло како масло за сончање може да го користите само во раните утрински часови, а никако помеѓу 12 и 16 часот кога зраците се најсилни.
Со употреба на маслиново масло не само што ќе добиете убав тен туку добиената боја на кожата ќе трае подолго, дури и до 2 месеци по одморот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.