Масло за тело од лаванда за студените, зимски денови

Ако сте одушевени од миризбата на лаванда и користите многу козметички производи со оваа состојка, тогаш имаме одличен предлог за вас – направете масло за тело, што е одлично за сувата кожа и многу е лесно за подготовка. Тоа исто така се користи и за заблажување на грчевите, како и за нега и обнова на кожата.
Потребни состојки:
Базично масло (маслиново или сончогледово)
Цветови лаванда

Начин на подготовка:
Во чиста тегличка или друг вид стаклено шишенце, ставете цветови од лаванда така што ќе наполните 2/3 од садот и потоа наполнете ја со маслото до врв. Ставете ја тегличката или шишенцето на сончево место и оставете ја да отстои месец дена, но не заборавајте секојдневно да ја промешувате. Откако ќе помине месецот, процедете го маслото низ густо сито или низ газа и ќе добиете чисто масло, спремно за употреба.

Дополнителен совет:
По два, три дена од процедувањето, повторете ја постапката уште еднаш, со цел да избегнете заматување на маслото со талог. Исто така чувајте го на темно и ладно место и искористете го во рок од максимум една година.
За подеталната постапка, можете да го погледнете и ова видео:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.