четврток, 12 ноември 2026
Најново

Матурантите од година во година тонат со знаењето – бесплатни часови по математика, хемија, физика и биологија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Професори од средните училишта и од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на матурантите ќе им држат бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија за да се подобри нивниот успех на матурата во кампањата „Иницијатива за идни научници“. Часовите ќе се одвиваат до мај.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, професор доктор Дејан Мираковски вели дека целта е идните студенти да изучуваат и природни науки и со подготвителна настава подобро да ги положат матурските испити.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Тоа ќе им помогне да влезат во државните квоти што ќе им го олесни студирањето. Должни сме да им помогнеме на идните студенти, вели тој.

Средната оценка минатата година за матурантите беше 3.25.

Поврзани вести