Искористете ја сезоната на тиквата и подгответе вкусни мафини во кои ќе уживате со вашето попладневно кафе или чај.Тиквата е дефинитивно шампион по содржина на железо, бакар, и флуор. Таа содржи многу минерали како калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Освен што е богата со пектини и шеќери, тиквата изобилува и со витамините Ц, Е, витамини од групата Б и бета-каротен.
Во продолжение, погледнете како да ги искористите нејзините благодети во неодолив десерт.
Потребни состојки:
• 200 гр. исчистена тиква
• 400 гр. брашно
• 150 гр. шеќер во прав
• 3 јајца
• 400 мл. млеко
• 100 мл. масло
• 50 гр. суво грозје
• 5 суви кајсии
• прашак за пециво
• 1 лажичка цимет
Припрема:
1. Тиквата исечкајте ја на помали парчиња, ставете ја во тенџере на оган, додадете го млекото и гответе сè додека не омекне. Потоа процедете ја и испасирајте ја, а млекото оставете да се излади на страна.
2. Брашното помешајте го со прашокот за пециво, циметот и шеќерот во прав.
3. Во посебен сад, измешајте ги јајцата, маслото, изладеното млеко и пирето од тиква. Постепено додавајте ја подготвената мешавина со брашното и потоа мешајте сè додека не добиете хомогена смеса.
4. На крајот додадете го сувото грозје, сецканите суви кајсии и полека промешајте.
5. Калапите за мафини намастете ги и наросете ги со брашно. Во нив налејте ја подготвената смеса и печете во загреана рерна на 180 ºC додека не добијат златнопортокалова боја.Тиквата е дефинитивно шампион по содржина на железо, бакар, и флуор. Таа содржи многу минерали како калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум.