Денеска е меѓународен ден на мафините, а ние пронајдовме едноставен рецепт за превкусни мафини со Нутела, кои се совршени за овој ден.
Потребни ви се 5 состојки, а и неколку часа откако ќе ги изедете ќе ги лижите прстите…
Состојки:
– 2 јајца
– 50 грама шеќер
– 340 грама Нутела
– 90 грама брашно
– половина лажичка прашак за пециво
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени
2. Во голем сад ставете ги јајцата и шеќерот и мешајте додека не се соединат. Потоа додадете ја Нутелата и мешајте додека сите состојки не станат една смеса. Додадете ги брашното и прашакот за пециво и повторно мешајте додека не се соединат.
3. Налејте ја смесата во калапите за мафини со што ќе ги наполните само 2/3. Ако правите мини мафини, ќе ви бидат доволни 8 минути во рерна, а ако правите мафини со стандардна големина, тогаш 12-13 минути.
4. Насредина на мафините откако ќе се изладат ќе се создаде мала дупка која може да ја наполните со Нутела или некој друг додаток кој го преферирате.
Добар апетит!