Ако сакате да јадете нешто вкусно и слатко, а немате многу време, тогаш овие мафини ќе станат вашето омилено уживање. Потребни се половина час и дванаесет состојки за да се подготват.
Рецепт: Мафини со вкус на ванила и карамела
Потребни состојки:
За тестото (состојки за класични мафини):
120 гр брашно
половина лажичка сол
прашок за пециво
120 милилитри масло
1 лажица шеќер
1 јајце
2 лажички екстракт од ванила
65 гр слатка павлака
За филот:
110 гр путер
150 гр кафеав шеќер
65 гр шлаг
2 лажички екстракт од ванила
200 гр шеќер во прав
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени и подгответе го калапот за мафини.
Изматете го брашното, прашокот за пециво и солта во една голема чинија. Оставете ги настрана. Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот додека не се запенат, а потоа додадете ги маслото и ванилата.
Сега додадете ги сувите состојки и слатката павлака и измешајте. Со лажица ставете го тестото во калапот – наполнете 2/3 од калапот. Печете околу 20 минути.
Оставете ги да се оладат на собна температура, а за тоа време растопете го кафеавиот шеќер со путерот и додадете го шлагот. Кога шеќерот целосно се стопи, оставете го на огнот 2 минути. Кога ќе го карамелизирате шеќерот, смесата ќе има одличен вкус!
Тргнете го од огнот и измешајте го со екстрактот од ванила. Потоа, матете го шеќерот во прав со миксер неколку минути, додадете го кремот и измешајте со средна брзина.
Ставете го филот на мафините со помош на шприц за шлаг.