Денеска ви претставуваме рецепт за вкусен десерт со кој ќе ги засладите зимските денови.
Потребни состојки:
– 3 јајца
– 70 гр. шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 80 гр. путер
– 90 гр. мед
– прстофат каранфилче и мускатно оревче
– 1 лажичка цимет
– 1 лажичка зачин за медени колачиња
– 1 лажичка кора од портокал
– 100 мл. млеко
– 260 гр. просеано брашно
– 1 прашок за пециво
– џем со вкус по желба (за полнење)
Начин на припрема:
1. Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го истопениот путер, медот и млекото.
2. Во посебен сад измешајте ги сувите состојки, а потоа соединете ги со смесата од јајца и матете додека не добиете хомогена смеса.
3. Наполнете ги калапите за мафини до половина.
4. Додајте по една лажичка џем во секој мафин и прекријте со уште малку смеса.
5. Печете околу 15 минути во загреана рерна на 180 Целзиусови степени.