Предлог за брз и лесен појадок кој ќе му се допадне на целото семејство.
Потребни состојки:
3 јајца
1 прашок за печиво
1 шолја масло
2 шолји кисела вода
2 и пол шолји пченкарно брашно
1 шолја брашно
200 г свежо сирење
300 – 400 г мешан зеленук(грашок, пченка, моркови)
Сол
Начин на подготовка:
Сварете го исечканиот зеленчук. Варете 15 минути откако ќе зоврие. Исцедете и оставете да се излади. Во длабок сад изматете јајца, масло, кисела вода и прашок за печиво. Постепено додавајте и пченкарно, потоа и бело брашно и матете.
Додајте го изгмеченото сирење, а доколку имате дома може да додадете и 2 лажици кајмак. На крајот додајте го зеленчукот и соединете ја смесата. Посолете.
Калапот за мафини премачкајте го со путер и набрашнете го и додајте го смесата со мафини. Печете на 200 степени додека да добијат златно-кафеава боја. Оваа количина е доволна за 24 мафини.