Направете мафини со малини и чоколадо.
СОСТОЈКИ:
150 гр. путер
200 гр. шеќер
2 јајца
210 гр. брашно
10 гр. прашок за пециво
50 гр. какао
250 мл. топла вода
ФИЛ:
150 гр. малини
100 мл. вода
7 гр. шеќер
20 гр. густин
ЧОКОЛАДЕН ФИЛ:
800 гр. слатка павлака
500 гр. чоколадо
ПОДГОТОВКА:
Се матат во сад со миксер путер и шеќер, па потоа и јајца, кога смесата ќе се соедини се става брашно и прашок за пециво.
Се мешаат во друг сад какао и 250 мл. вода.
Во смесата со брашно се става разматеното какао и се меша. Се обложуваат калапи за мафини и се става смесата.
Се печат на 180 степени 20 минути.
Се варат во шерпа малини со вода и шеќер додека не зовријат, а во посебна чинија се разматува густин со малку вода и се става во смесата со малини и се вари сосот.
Се растопува во друг сад павлаката со чоколадо, се лади и потоа ладниот фил се мати со миксер.
Се прави дупче на ладните мафини и се полнат со сосот од малини, па се става чоколадо горе.