Овие слатки задоволства ќе ви се стопат во устата!
Состојки:
две чаши (180 мл) брашно
шолја шеќер
кесичка прашок за пециво
две јајца
прстофат сол
шолја јогурт
1/4 шолја масло
кесичка ванилин шеќер
50 гр бело чоколадо
200 гр свежи јагоди
шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер, јогуртот и маслото, па постепено се додава брашното со прашокот за пециво. Додадете ги предходно исечканото бело чоколадо и јагодите. Сè добро измешајте. Во калапи за мафини ставете хартиени корпи. Внимателно наполнете ги корпите со смесата. Печете ги мафините на 200 степени околу 25 минути додека не поруменат. Изладете ги, посипете ги со шеќер во прав и послужете.