Маја Миа Јаневска пронајдена мртва! Нема информации што е причината

Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, била пронајдена почината во Африка, јавуваат медиуми од црниот континент.

Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Маја Миа Јаневска пронајдена мртва! Нема информации што е причината

Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја.

Маја Миа која имаше милиони следбеници на социјалните мрежи, неодамна беше во посета на земјава, а повеќе актуелни политичари објавија фотографии со неа.

На Инстаграм Маја Јанеска (38) од Охрид, позната како Маја Миа, имаше 1.2 милиони следбеници. Таа одамна живее надвор од Македонија, но периодов не можеше да се насити од убавината на расцветаните цреши на Максим Горки, потоа атмосферата на Боемска улица, како и кањонот Матка.

Маја Јанеска (38) од Охрид, позната како Маја Миа, беше светски славна јутјуберка со повеќе од милион следбеници и на Јутјуб и на Инстаграм.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.