Марија Петрушова, мајка на една од жртвите од трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати пред Анкетната комисија во Собранието, токму за пожарот што се случи на 16-ти март. Таа истакна дека борбата за вистинска правда е борба за иднината на сите деца и генерации во државата.
„Се обраќаме до вас со голема болка и длабока решителност. Знаеме дека никој и ништо нема да ги врати ниште деца, ниту ќе ни овозможи последен поздрав со нив и ниту една сила ни збор не може да ја надомести нивната загуба. Но ние не се парализиравме, бидејќи борбата за вистинска правда не е само наша, таа е борба за иднината на сите деца во оваа држва.“ – изјави Петрушова
Петрушова пред пратениците и функционерите потенцираше дека животите во „Пулс“ трагично згаснале поради неспособност, неодговорност и корупција која, како што рече, го опфаќа целокупниот систем на власт.



