Мајка која на своите две ќерки им дала апчиња за спиење и ги застрелала во нивните кревети, ќе мора да помине 78 години во затвор, а најверојатно таа ќе умре зад решетките односно остатокот од својот живот ќе го помине таму.
Вероника Јангблуд (37 г.) од Вирџинија, САД, беше осудена за две точки за убиство од прв степен и две точки за употреба на огнено оружје, откако ги убила 15-годишната Шерон Кастро и 5-годишниот Бруклин Јангблуд во нивниот стан во август 2018 година.
Мајка ги убила своите деца по расправија со поранешниот сопруг Роналд Јангблуд поради загриженост дека нејзината 5-годишна ќерка ќе се пресели во Мисури со него.
Тамошните власти соопштија дека мајката планирала да ги убие своите ќерки, а потоа да се самоубие откако купила пиштол на 27. јули.
Таа на своите ќерки им дала апчиња за спиење пред да ги убие двете девојчиња во нивните кревети на 5. август.
Нејзината 15-годишна ќерка, која била застрелана еднаш во грбот и еднаш во градите, повикала полиција за да го пријаве грозоморниот чин, но само неколку часа подоцна трагично починала во болница.
Мајката била приведена на 6. август 2018 година. Полицајците и го одзеле пиштолот откако била уапсена.
Јангблад се изјаснила за невина, но властите ја одбиле одбраната откако мајката решила да им даде апчиња за спиење на своите деца пред злосторството.
Таа ќе одлежи 36 години за секое убиство кога ќе биде официјално осудена на 22. септември.
Пронајдете не на следниве мрежи: