Мајките тврдат: Секс по породување – подобар од кога било

Ако неодамна сте родиле дете, сосема е разбрливо да се грижите за првиот секс по породувањето. Добрата вест е дека повеќето жени тврдат дека сексуалниот живот им станал многу подобар откако станале мајки.
Овој податок од истражувањето на апликацијата Peanut спроведено на 1.000 испитанички на возраст од 27 до 37 години кои станале мајки.
Целта на истражувањето беше да се утврди квалитетот на сексуалниот живот пред и по породувањето. Заклучокот е дека бебето нема да направи штета на вагината кога е во прашање „акцијата“ во спалната соба.


Дури 74% од мајките изјавиле дека квалитетот на сексуалниот живот им е ист или подобрен, а 61% рекле дека чувствуваат поголема желба за секс.
Вообичаено е да имате трема пред првиот секс по породувањето – така се чувствувале 62% од новопечените мајки, а 45% признале дека имале секс со партнерот во истата соба со бебето во првата година од неговиот живот.
„Промената на нивото на естрогенот, како и доењето, може да предизвика побавно враќање на либидото“, вели доктор Хектор О. Чапа.
Но, и покрај тоа, лекарите сметаат дека треба да причекате барем шест недели за првиот сексуален однос по породувањето. Тоа време е потребно за да може телото да закрепне и да заздрави за да не дојде до инфекција поради оштетувањата на ткивото на вагината од породувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.