Мајк Џејмс стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата



Мајк Џејмс, кошаркарот на Монако, стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата и го престигна досегашниот рекордер, легендарниот Грк Василис Спанулис.

Во дуелот од 28. коло на Евролигата, Монако на домашен паркет ја совлада Црвена ѕвезда со 98:80, а споменатиот 33-годишен Џејмс постигна 20 поени. Со ова Џејмс стигна до вкупно 4.464 поени во текот на кариерата во Евролигата, оставајќи го зад себе до овој четврток водечкиот Грк Спанулис, кој постигна 4.455 поени.

На Џејмс му беа потребни 12 поени за да го заземе првото место на вечната ранг-листа, а таа цел ја постигна до полувремето на овој натпревар кога постигна 13 поени. Во моментот кога Џејмс го претекна Спанулис, играта накратко беше прекината и беше одржана кратка церемонија на која на Џејмс му беше врачена топката со која постигна кош за испишување историја.

Џејмс пред Монако играше во Евролигата носејќи ги дресот на Басконија, Панатинаикос, Олимпија Милано и ЦСКА Москва. Од сите најдобри стрелци во историјата на Евролигата, Џејмс има најдобар просек од 16,7 поени по натпревар.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: