Мајсторски трик за скара: Со коцка мраз до совршени плескавици

Греам Елиот вели дека на овој начин месото нема да се исуши, а коцките ќе им помогнат и на плескавиците да ја задржат правилната форма…

Според Греам Елиот, не треба да сте мајстор за скара за да направите одлични плескавици. Потребни ви се само коцки мраз кои се ставаат во средината на месото при печењето и се притискаат со прстите.
Поради пониската температура, месото ќе остане посочно бидејќи нема да се исуши, но сепак убаво ќе зарумени.

Мајсторски трик за скара: Со коцка мраз до совршени плескавици

Освен тоа, коцките мраз ќе му помогнат на месото да ја задржи правилната форма.
Греам советува да не се додаваат премногу додатоци како кромид или пиперки во смесата со месо бидејќи, според него, месото треба да биде месо, а додатоците се додаваат дополнително.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.