Францускиот гигант ПСЖ славеше на гостувањето кај Монпелје, но триумфот скапо го плати затоа што го загуби младиот напаѓач Килијан Мбапе.
Мбапе се повреди, по што почнаа шпекулациите за тоа колку време ќе отсуствува од фудбалските терени, меѓутоа клубот од Париз соопшти дека Французинот нема да настапи на првиот меч против Баерн Минхен во Лигата на шампиони.
„Мбапе ќе биде надвор од терените околу три недели поради повредата, а тоа значи дека ќе го пропушти првиот дуел против Баерн на 14 февруари“, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.
Реваншот меѓу екипите се игра на 8 март во Минхен и се очекува Мбапе дотогаш да се врати на теренот.