МВР со ново соопштение за бегалецот Блерим Рамадани

Во врска со информациите кои непрекинато се шират по медиумите, а се поврзани со бегството на лицето Блерим Рамадани, известуваме дека на 17.07.2024 година на ГП Јажинце од страна на граничната полиција истиот е приведен и предаден на СВР Тетово, по што е спроведен пред судските органи, се вели во соопштението на МВР.

Напоменуваме дека натамошното постапување на судот не е надлежност на Министерството за внатрешни работи, но со оглед на тежината и сериозноста на делото за кое тој се товари и имајќи во предвид дека станува збор за странски државјанин, судот донесува одлука која државните институции тешко можат да ја спроведат во целост. Имено, мерката куќен притвор на странски државјани на туѓа адреса на живеење е преседан во досегашната практика. Напоменуваме дека и покрај споменатото, МВР продолжува со преземање на сите оперативно тактички мерки и активности. До ОЈО за ГОКК од страна на ОСОСК доставено е известување во кое се наведени и во целост објаснети основите на сомневање за сторени кривични дела од страна на лицето Блерим Рамадани, како и основи на сомневање за сторени кривични дела од страна на службени лица кои донесувале одлуки за екстрадиција на посоченото лице и постапувале по истите, истакнуваат од МВР.

Врз основа на наведеното од страна на надлежен Јавен обвинител при ОЈО за ГОКК издадени се писмени Наредби и дадени се насоки по кои ОСОСК постапува, додаваат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: