МВР треба да ја информира Владата на колкумина граѓани им се истечени или ќе им истечат документите до денот на изборите


Последните измени на Изборниот законик, меѓу другото, предвидуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори да може да гласаат и граѓаните чии лични документи се истечени до девет месеци до денот на одржување на изборите на 24 април, односно на 8 мај. Нивната бројка, според досегашните изјави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изнесува околку 100 000

До наредната владина седница Министерството за внатрешни работи (МВР) треба да достави прецизни информации кои се однесуваат на околу стоте илјади лица со истечени документи кои, согласно последните измени на Изборниот законик, ќе може да го остварат своето уставно загарантирано право на глас на изборите.

Photo: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно владината одлука, МВР треба да информира на колкумина од овие лица им се веќе истечени или ќе им истечат личните документи во периодот од девет месеци до денот на изборите на 24 април, односно на 8 мај.

„Заклучокот, како што посочи премиерот Џафери, произлегува од последните измени и дополнувања на Изборниот законик, во делот на преодни и завршни одредби, членот 38, каде што е дадена можноста во 2024 година овие лица да може да се внесат во избирачки список“,

информираат од владината прес-служба.

Инаку, последните измени на Изборниот законик, меѓу другото, предвидуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори да може да гласаат и граѓаните чии лични документи се истечени до девет месеци до денот на одржување на изборите на 24 април, односно на 8 мај. Нивната бројка, според досегашните изјави на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изнесува околку 100 000.

Оваа измена на ИЗ е преодна и ќе се однесува само на изборните циклуси во 2024 година.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: