МВР: 55 прекршувања на полицискиот час

Викендов се применуваше мерката за ограничување на движењето кое започнуваше во 14 часот и траеше до 05 часот наредниот ден. Граѓаните се одговорни, совесни и свесни. Генералната констатација е дека тие ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, вели министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Во текот на изминатото деноноќие од страна на Министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 34 лица.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.