Меган мора да ги почитува овие строги правила во бременоста

Иако ќе се породи дури на пролет идната година, 37 годишната војвотка од Сасекс, Меган Маркл ќе мора да се придржува до сторгите кралски правила за време на бременоста, но и породувањето.
На Меган едвај и било дозволено со принцот Хари да замине на 16 дневна турнеја во Австралија, Нов Зеланд и околните острови, а бидејќи е во 12 недела од бременоста и бил направен ултразвук кој покажал дека се е во ред со бременоста.
Меѓутоа кога ќе се врати дома ќе може да заборави на прекуокеанските патувања, што според пишувањата на британските медиуми, ќе и падне особено тешко бидејќи нејзината мајка е во Америка. Но, доколку се точни пишувањата дека таа ќе се пресели во Лондон за да биде блиску до својата ќерка, тогаш и ова нема да биде проблем.

Војвотката од Сасекс на породувањето ќе има два гинеколози, три бабици, три анестезиолози, четири педијатри, лабораториски техничар и три менаџери. Во Бакингемската палата велат дека толкава екипа е неопходна за припадниците на кралското семејство. Така се породувала и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, така ќе биде и со Меган.
Кралицата Елизабета Втора ќе биде првата која ќе биде информирана откако Меган ќе се породи, а потоа сите останати. Полот на детето ќе се држи во строга тајност до породувањето, од што најмногу корист имаат обложувалниците.
Единственот што е познато е дека кралското бебе ќе има најмногу четири имиња. И принцот Хари самиот има четири имиња, Хенри Чарлс Аблерт Дејвид, додека децата на Кејт и Вилијам имаат по три имиња.
Детето на Хари и Меган има мала шанса да го наследи престолот, па така може да се опуштат кога ќе го бираат името, тие нема да бидат ограничено исклучиво на кралските имиња.
Во обложувалниците фаворитските имиња се Александар, Артур, Филип и Николас за момче и Алис, Викторија, Мери и Изабела за девојче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.