Медведев за Украина: Побрзо ќе биде дел од НАТО и ЕУ или како Ирак, Либија, Сирија?

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев со меме ја опиша ситуацијата во која се најде Украина: наместо да се приклучи на клубот на западните земји, таа може да ја сподели судбината на Ирак, Либија и Сирија.

Еден дел од сликата, објавена на каналот Телеграма на политичарот, го прикажува минатото. Таму ликот на Украина стои опкружен со Велика Британија, САД, Европската Унија и НАТО, ветувајќи: „Наскоро ќе бидеш еден од нас“.

Во следната сцена која ја прикажува моменталната ситуација, Украина е опкружена со Авганистан, Ирак, Јемен, Либија и Сирија. Сега тие предвидуваат: „Наскоро ќе бидеш еден од нас“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.