“Ако може, нека ме одмине оваа чаша“… Нема да те одмине, Христијан. Ниту јас можам да го носам твојот товар, ниту ти мојот. Чашата што е пред тебе е неподносливо горчлива, но ќе треба и ќе мора да ја испиеш самиот ти. Никој, ама апсолутно никој друг, не може да го стори тоа место тебе. Уште неколку дена не делат од моментот кога конечно ќе не згазат, ќе ни го скинат гркланот. Жедни за крв, заслепени од ѕверски нагон да раскинат, распарчат и уништат, сакајќи да ни ја убијат и душата, а не само телото, ќе испоплукаат и ќе се испоганат врз сето исконско што е во нас. Ќе дадат се од себе, за да бидат достојни извршители на еврејската клетва. Клетва што му се упатува само на најомразениот непријател: „да му се сотре името, да не остане ни спомен ниту трага од него, да се заборави дека некогаш постоел и газел по земјава“.
Знаеме дека ќе се обидат злосторството да го покријат со лага. Колку погрозоморно е делото, толку помилозвучно од лажливите усти ќе им течат приказните за простување, правда, живот, за сите земни богатства на европската рајска градина. Христијан Мицкоски! Ти си тој што е повикан да им ја турне песочната кула. Во твоите раце е оружјето. Дадено ти е тебе, историската задача е твоја. Ја имаш силата во еден потег да им ја разбиеш фатаморганата и со еден здив да им ја раздуваш целата магла. ДОКОЛКУ САКАШ, разбира се. Му се суди на цел еден народ. Најодвратната и најгрозната од сите грозни лаги е онаа, дека во Парламентот на државата, ќе пресудат вистинските претставници, одбрани од истиот тој народ.
Не треба многу. Доволно е само гласно, јасно и непоколебливо да ја изречеш вистината што ја знаеме сите. Дека оние што ни судат во парламентот не се наши претставници, туку злосторничка банда мршојадци, настрвени да ни ги доглодаат коските колку што е можно побргу. Дека товарот на злосторството и одговорноста пред вистинскиот суд останува да им тежи само ним. Дека ти одбиваш и понатаму да им бидеш покритие за измамата.
Стокхолмски Синдром
За човек што држи до себе, важно е да го почитува сопствениот збор. Но, што правиме кога зборовите си противречат еден на друг?
Хелсинки: “Нема да го попречуваме геноцидот врз овој народ“
Кичево: “Ќе се поклониме пред волјата на овој народ“. Не можеш едновремено да му служиш и на Бога и на Мамона, Христијан. Никој не може да им служи на двајца господари. Или едниот ќе го сакаш, а другиот ќе го мразиш, или ќе бидеш приврзан кон едниот а ќе го одбегнуваш другиот. Проблемот е во тоа што и едниот и другиот господар знаат што правиш. Ја знаат секоја твоја намера, позната им е секоја твоја мисла уште пред да се обидеш да ја изговориш. Не е можно да сокриеш ништо.
Немаш уште многу време, Христијан. Изброени ти се часовите и минутите до последниот момент, кога ќе мораш да се одлучиш за еден и само еден идеал на кој ќе му служиш. Да ти помогнеме во изборот. Историјата не може да биде заборавена, избришана ниту пак преправана.
Не е можно да ја разрешиш равенката ако од неа изоставиш еден многу важен параметар. Не можеш да разбереш со кого си имаш работа ако од видното поле ја изоставиш улогата на натприродното, окултното, и таинствените ритуали во склад со духот на бескрајното зло. Ниеден од следните настани не е случаен:
Бомбардирањето на Србија започна на Прочка 1999 година. Садам беше егзекутиран на Еид ал-Ада 2006 година. За муслиманите Еид ал-Ада (Курбан Бајрам) е ден на проштевање, жртва посветена на Бога, и помирување со блиските и пријателите. Рамковниот договор им беше тутнат пред нос на македонските водачи да го потпишат токму на 13.август, денот на кој е потпишан и Букурешкиот договор.
Заеднички именител за секој еден од овие настани: телесната болка и физичкото уништување не се доволни. Неопходно е на жртвата да и бидат целосно уништени и достоинството, и моралот и духот. Твојот политички противник, Зоран Заев, е идеална алатка во рацете на големите мајстори. Ти подготвува уште еден удар кој ќе те заболи по сите можни димензии. Тоа што ќе не избрише од списокот на народите не е доволно. Мора да те понижи и згази до крај. Ќе бидеш крстен со ново име НА НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ, Христијан. Се она што и е свето на твојата душа, ќе биде испогазено и изгнасено со најодвратни блуеници, Христијан Мицкоски. За да знаеш дека отсекогаш си бил никој и ништо, дека помислата за “златниот дар и пој“ што твојот народ го носи во срце била само пуста илузија и празен сон кој никогаш во минатото не постоел, ниту пак може било кога во иднината да биде биде реалност и вистина.
Грешка во изводот. Сеуште се надеваш дека планот ќе ти се оствари? Дека на некои нови избори, во некоја си Северна, со некаков си народ што не знае кој е и што е, врховните мајстори на злото, кои сега си го имаат Зоран Заев како локален сатрап и сигурен извршител, како благодарност за помошта, ќе ти допуштат ТЕБЕ да бидеш управител на протекторатот? Изводот ти е погрешен, Христијан.
Да ти повторам уште еднаш: свесен ли си со кого имаш работа? Сегашните стопани на Заев, за кои се надеваш дека наскоро ќе бидат твои, ДОЖИВУВААТ ОРГАЗМИ, екстаза, додека ги гледаат сликите од тоа како се извршени нивните бескрајно зли планови. Размисли добро: ако на народот му нудиш Северна Македонија, скршена кичма и приказни за европската рајска градина, тогаш, која е разликата меѓу тебе и Заев? Тоа што го правиш е самоубиство, Христијан. Кажано со зборовите на Тања Каракамишева: одлучив да не го слушам прескапо платениот крекачки оркестар на релативизитори и лажови и нивниот геноциден опис и попис на она што треба сами да си го направиме за да умреме на својата 27-ма година, замислени како по нашата 15 годишна народна смрт ќе влеземе во некакви сојузи како зомбирани граѓани…
За тебе ова ќе биде полошо од физичка смрт, Христијан. Ќе прилегаш на човек само затоа што ќе имаш две раце и одиш на две нозе. Душата ќе ти биде умртвена и ампутирана. Потребен и доволен услов за да бидеш назначен за локален сатрап ќе ти биде да се заколнеш дека ќе го браниш уставот на Северна. Теророт и тортурата врз оние што сонуваат за некаква си Македонија ќе ти биде секојдневна работна задача. И, за да бидеш презрен и понижен до крај, како израз на верност кон господарот, ќе мора да го прибереш кај тебе сиот шљам што сега е на цицка кај Заев. Ќе бидеш најомразената личност во Северна. Кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја загуби.
Веќе премногу имаш загубено обидувајќи се да се спасиш од гневот на демонските сили чие духовно чедо е Монструмот од Муртино. Мислам дека си свесен што правиш. Барајќи ја наклоноста на едниот господар, го навлекуваш врз себе гневот на оној другиот, вистинскиот господар на кој си повикан да му служиш. Уште некој ден и заминуваш во историјата, Христијан. Како колеблив и плашлив подлизурко, или како вистински човек кој ја имал моралната сила и одговорност да го направи вистинското што треба и мора да биде направено. Изборот е твој.
Пред да ја донесеш конечната одлука, ти препорачувам да го погледаш видеото на крајот од овој текст. Не е долго, едвај нешто повеќе од две минути. Тоа е завршната сцена од македонскиот филм “Денови на искушение“ снимен во 1965 година. Орце, атентаторот на Ѓорче Петров, треба и самиот да биде ликвидиран од ВМРО. Во последниот момент, еден од заговорниците, Фезлиев, не можејќи повеќе да ја поднесе хипокризијата, се обидува да го спаси Орце. Нормално, загинува заедно со него. Пораката на Фезлиев е многу силна. Никогаш не е доцна. Кажи ја вистината, застани на страната на доброто. Ако тоа го сториш макар и на една минута пред смртта, твојата карма останува поинаква за вечни времиња.
За крај… Дали е игра на случајот или не? “Денови на искушение“ е снимен според драмата “ЦРНИЛА“ од Коле Чашуле. А “ЦРНИЛА“ воедно е лајтмотив на твојата денешна битка против сиромаштијата, корупцијата, неправедното судство, против се друго, само не против геноцидот врз македонската нација. Треба ли да ти повторам дека историјата не може да биде избришана ниту преправана? Треба ли да ти речам дека, за да се справиш со црнилата, мора да почнеш од себе? Дека црнилата се започнати во оној момент, кога твојата партија почна да ги слави убијците на Ѓорче Петров како херои на ВМРО? Почни да ја бараш светлината Христијан, и многу бргу ќе разбереш: Знак на распознавање за никаквите, бескарактерни и грамзиви црви кои се кријат под патриотско руво е: да бидеш комотен со тоа кога некој ти вели дека македонска нација не постои. “Вмровците“ пребегани во злосторничкото здружение на Заев се едно и исто се со “вмровците“ од подземјето на Софија е Петрич од минатиот век…