Медведев: Поразот во Украина може да доведе до нуклеарна војна

За време на Светскиот економски форум во Давос, поранешниот руски претседател и премиер Дмитриј Медведев упати нова закана за светот.

„Заостанатите политички дејци во Давос постојано повторуваа: За да се постигне мир, Русија мора да загуби. Никој од нив не разбира дека загубата на нуклеарна сила во конвенционалната војна може да доведе до нуклеарна војна. Нуклеарните сили не се поразени во големите конфликти клучни за нивната судбина“, напиша Медведев на Твитер.

Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос ги обединува највлијателните поединци и организации во економијата, политиката, науката и други области. На овогодинешниот форум една од темите беше војната во Украина.

Медведев редовно упатува закани до Украина и Западот.


Пронајдете не на следниве мрежи: