Најмалку 101 лице беше убиено во израелските напади низ Газа утрово, изјавија извори од палестинските власти за Ал Џезира. Според овој извештај, 44 од овие жртви биле во јужна Газа, додека 42 лица загинале во северната енклава и 15 во централна Газа.
Израелската војска не ги коментираше новите масовни напади врз Газа. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вчера изјави дека палестинската милитантна група Хамас се вратила на преговорите за ослободување на заложниците по почетокот на новата израелска воена офанзива во Појасот Газа, со кодно име „Гидеонова кочија“.



