Мед и цимет – навистина ли помагаат во губењето килограми?

На социјалните мрежи на големо се споделува „магичен“ пијалак кој го забрзува метаболизмот и помага при слабеење, а е направен од мед, цимет и вода.

Меѓутоа, нема доволно докази дека овие две состојки во комбинација помагаат при слабеење, но имаат некои други придобивки. Така, циметот и медот се одлични за здравјето и можат да имаат антиинфламаторно дејство.
Циметот е зачин кој често се користел во минатото и има многу лековити својства. Истражувањата покажуваат дека има антимикробно и антипаразитарно дејство, содржи антиоксиданси, го намалува крвниот притисок и холестеролот. Може да помогне и во заздравување на раните.

Медот исто така има бројни придобивки. Тоа е антимикробно средство кога се применува локално. Поради својата густина, ниската pH вредност и водород пероксид произведен од неговите ензими, може да спречи бактериска инфекција. Исто така е одличен сојузник во сузбивањето на кашлицата.
Иако постојат бројни тврдења за тоа како циметот и медот влијаат на метаболизмот, нивното заедничко дејство сè уште не е доволно истражено. Студија од 2011 година покажа дека замената на шеќерот со мед може да спречи зголемување на телесната тежина. Од друга страна, циметот е познат како состојка која помага во намалување на шеќерот во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.