Состојки
400 гр тиква
125 гр чадена сланина
100 гр печурки
100 гр кашкавал
За сос
1 калинка
1 парче тиква
1 лажица шеќер
50 мл павлака за готвење
зачини по желба сол, бибер, мешан сув зачин
Тиквата излупете ја, исечете ја на парчињата и сварете ја малку.
Варената тиква посолете ја, додајте зачини.
Печурките испржете ги.
Тиквата исечете ја на долгнавести парчиња.
На секое парче тиква ставете печурки, кашкавал и замотајте во сланина.
Испржете во загреано масло.
За сос
Едно парче варена тиква изблендирајте со калинка, додајте павлака шекер и се измешајте.
Во чинија ставете малку од сосот врз него парчиња тиква.
Многу вкусно и убаво мезе.
Добар апетит!