Меки кифлички

Состојки
1 коцка квасец
2 лажици шеќер
1 кг брашно
1/2 кг млеко
3 јајца плус 1 за премачкување
200 мл масло
1 лажица сол
200 гр путер и сусам за посипување

Меки и вкусни кифлички, од путерот се крцкави, а внатре премеки.
Прво квсаецот се раствора во млакото млеко и шеќерот и се чека да се активира.
Во брашното се додава квасецот и сите останати состојки. Се меси убаво, тестото треба да е мазно и меко и да не се лепи.
Тестото се остава да стасува околу половина час .
Се зема топче од тестото(големината сами си ја одредувате во зависност од тоа дали сакате кифличките да ви бидат поголеми или помали) се сучи и се витка кифла.
Кифличките се редат во плех постелен со хартија за печење. Згора се мачкаат со изметено јајце, па се наросуваат со сусам. На секоја кифличка ставаме коцка путер.
Куфличките се печат во загреана рерна на 200 степени околу петнаесет минути
*од оваа мера излегуваат околу 40 тина средно големи кифлички

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.