Меки лајбици со кисело млеко

Состојки
500 мл кисело млеко
500 мл млака вода
1 свеж квасец
200 мл масло
1 лажица шеќер
2 лајчиња сол
1 јајце
2 жолчки (белките се за премаз)
околу 1 кг брашно може и повеќе
За премачкување
125 гр маргарин
за поросување сусам
2 белки

Меки лајбици со кисело млеко
1. Се става квасецот да стаса заедно со малку вода и шеќер. Кога ќе надојде квасецот се замесува тесто од сите наведени состојки, освен што белтоците се оставаат за премаз и маргаринот за одозгора на секое топче. Се остава да одмори тестото.
2. Се прават топчиња со големина по ваша желба. Се премачкуваат со белка, се наросуваат со сусам и врз секое топче се става коцкичка маргарин.
3. Се печат на 250 С – 25 мин. Одозгора јас ги премачкувам со масло.
П.С. Излегуваат околу 45 лајбици

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.