500 г говедско мелено месо
2 домати
1/2 главица црвен кромид
неколку листови марула
200 г кашкавал
200 мл кисела павлака
4 тортиљи
мексикански сос
1. Испржи го месото. Кога ќе почне да добива боја, додади го мексиканскиот зачин и пржи додека не стане целосно кафено.
2. Припреми Pico De Gallo
Исечи ги доматите и кромидот на мали коцки, за да направиш Pico De Gallo. Ова е всушност наједноставната верзија на Pico. Ако сакаш да го направиш на оригиналниот, вистински начин, тогаш додади коријандер, зелена пиперка, лимета и лимон.
3. Растопи го кашкавалотЗа крај, земи една од тортиљите, стави ја на тавче и греј ја 1-2 минути. Додади парче кашкавал и затвори го тавчето за кашкавалот да се растопи. Кога ќе имаш сè спремно, твојата станица за послужување на Такос треба да изгледа вака:
4. Направи го Такото
Почни со месото, додади Pico, марула и од сосовите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.