Меланија Трамп засенета од својата 74-годишна мајка

Првата дама на САД, Меланија Трамп со семејството по одморот се врати во Белата куќа.
Таа дојде во друштво на сопругот, синот, но и родителите Амалија и Виктор Кнавс.
И додека Меланија стандардно беше модерна и тренди без грешка во впечатлива зелена сукња со резбарени мотиви, поголемо внимание привлече нејзината 74-годишна мајка.
Нејзината мајка носеше фустан со А крој во сина боја со геометриски облици во вид на пруги во розеви и црвени нијанси и класични салонки соодветни на фустанот.
Нејзината мајка самоуверено чекореше низ тревникот во високи потпетици, сигурно гордеејќи се на својата ќерка, првата дама на САД.
Изгледа неверојатно за своите години, погледнете:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.