Меланија Трамп, сопругата на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, по долго време беше видена во јавноста на комеморацијата во чест на поранешната прва дама Розалин Картер, која неодамна почина.
Меланија Трамп
Сопругата на Трамп се појави во друштво на сегашната прва дама, Џил Бајден и поранешните први дами на Соединетите Американски Држави, Мишел Обама, Хилари Клинтон и Лора Буш.
Нејзиниот изглед предизвика многу негативни коментари на социјалните мрежи, поради тоа што го облече за таа пригода. Имено, за разлика од другите први дами, Меланија не облекла црно, туку се појавила во сив капут.
„Какво непочитување“, „Носеше сив капут само за да се истакне“, „Зошто не облече само црн капут“, се дел од негативните коментари на социјалната мрежа Х.
Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на Меланија Трамп.
„Не носат сите црно“, „Носела црна гардероба под палтото“, напишале тие.
Да потсетиме, Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005 година и го имаат 17-годишниот син Барон.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.