500 г мелено месо
2 страка праз
50 г лебни трошки
4 јајца
180 мл хопла
1 лажица сув зачин
масло, сол, мелен црн пипер
Се пржи меленото месо на масло, во тавата се додаваат исечениот праз и сувиот зачин, и се динста 20-тина минути. Се трга од оган, и се додаваат лебните тошки и 2 изматени јајца. Се промешува и се става во огноотпорен сад, премачкан со маргарин и наросен со брашно. Се пече 20 минути на 200 степени.
Преостанатите 2 јајца се матат и се мешаат со хоплата. Се посолува, се зачинува со црн пипер и се прелива содржината во садот. Кратко се запечува додека порумени преливот.