Модната дизајнерка Мелина Џиновиќ се омажи во бел фустан од Диор кој чинеше 8.000 евра.
Имено, дизајнерката не се омажила во класична венчаница, туку во бела, елегантна тоалета со јака и кратки ракави. Иако на прв поглед изгледа како венчаница, всушност станува збор за обична Диорова тоалета, која не припаѓа на „колекцијата за венчавки“.
Иако сличен модел на фустан од овој бренд чини околу 4.500 евра, фустанот што дизајнерката го избрала за свадбата е направен специјално според нејзините мерки и желби, а цената на оваа креација достигна 8.000 евра.
Таа го комплетираше својот скап свадбен изглед со сандали од Диор во вредност од 1.050 евра и бисерни обетки кои чинат нешто помалку од 1.000 евра.
Ве потсетуваме дека Мелина се омажи за британскиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд Деј. Церемонијата се одржа во Монако. Двојката пристигна во општината во луксузен кабриолет „Бентли“ чија цена се движи од 80.000 до 250.000 евра.
На церемонијата присуствуваа, меѓу другите, родителите на Мелина, Елма и Сулејман Галиќ, како и ќерката Ѓина Џиновиќ, која доцнеше на свадбата. Прославата ќе трае три дена.
The post Мелина Џиновиќ се омажи во фустан од Диор вреден 8.000 евра, го надополни изгледот со бисерни обетки appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



