МЕЛИСА ДОНГЕЛ – КОЈА ГЛУМИ ВО ФИЛМОТ “ЉУБОВ И СЕ Е МОЖНО” ИМАЛА 15 ГОДИНИ КОГА ЈА СИЛУВАЛ ТАТКО И: КАЖА СЕ САМО ЗА ДА ЈА ЗАШТИТИ СВОЈАТА ПОМЛАДА СЕСТРА

Турската актерка Мелиса Донгел била силувана од нејзиниот татко кога била тинејџерка, а потоа во болна исповед ги открила деталите од грозоморното злоставување.

Кога имала само 15 години, тој ја силувал и сексуално ја злоставувал, а по нападот таа се обратила на нејзината мајка…👇
МЕЛИСА ДОНГЕЛ – КОЈА ГЛУМИ ВО ФИЛМОТ “ЉУБОВ И СЕ Е МОЖНО” ИМАЛА 15 ГОДИНИ КОГА ЈА СИЛУВАЛ ТАТКО И: КАЖА СЕ САМО ЗА ДА ЈА ЗАШТИТИ СВОЈАТА ПОМЛАДА СЕСТРА

Младата турска актерка Мелиса Донгел (23), која се прослави со сериите како „Тропни ми на врата“, „Елиф“ и многу други, важи за една од најпопуларните во нејзината земја и пошироко, но никој не можеше да претпостави дека од насмевката на оваа храбра девојка се крие страшна приказна која не е за слабо срце.

Иако е во раните дваесетти години, таа веќе надмина голем број проблеми и стави ветер зад сите оние кои имале слично искуство.

Имено, таа минатата година проговори за страшното насилство кое го претрпела од сопствениот татко. Кога имала само 15 години, тој ја силувал и сексуално ја злоставувал, а по нападот таа се обратила на нејзината мајка.

За жал, таа не и поверувала и ја замолила никогаш повеќе да не зборува за тоа, ниту никому да го спомнува. Поради се што преживеала додека била под нивниот покрив, денес оди на терапија за да се справи со траумата.

Меѓутоа, сега решила повторно да ја раскаже својата приказната со цел да ја заштити својата помлада сестра.

Таа се плаши дека историјата ќе се повтори и се обидува на секој начин да го добие старателството над неа.

Инаку, кога Мелиса зборувала за се, татко и бил во затвор, а мајка и се преселила во Русија и ја испратила својата помала ќерка кај неа во Истанбул. Поради ова, нејзиниот сопруг побарал старателство над нејзината ќерка, на што Мелиса оправдано се противи.

По болната исповед, младата актерка ја поддржаа бројни познати личности, меѓу кои и колегите од серијата „Тропни на мојата врата“ која ја прослави.

Мелиса Донгел е родена на 18 септември 1999 година во Истанбул, во турско-руско семејство. Таму завршила уметничка академија, а како тинејџерка ја започнала својата кариера во ТВ серијата „Елиф“. Тие и предвидуваат светла кариера, а оваа млада жена е една од најгласните денес кога се во прашање построгите закони за силувачите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.