Мерил Стрип се опушти малку повеќе! Сликана како разменува нежности со НОВОТО момче, ЕДНО нешто е очигледно

Актерката Мерил Стрип (75) била забележана како разменува бакнежи со една година помладиот колега.

Мерил Стрип и Мартин Шорт се бакнувале на улиците на Њујорк.

Облечени во фармерки и мантили, тие уживале во бакнежите, а за нивната врска долго време се шпекулирало, додека претставници на актерите одбивале да коментираат.

Сепак, се докажало дека станува збор за кадри од снимање на новата сезона од серијата „Само убиства во зградата“ и дека всушност фотографиите се бакнежи на нивните ликови Оливер и Лорета.

Меѓутоа, познатите ѕвезди биле воочени и како се смеат заедно на паузите од сетот, како и дека ги впиваат сончевите зраци додека екипата се подготвува за уште една сцена.

Фотографиите доаѓаат во моментот кога веќе со месеци се шпекулира дека Мерил Стрип и Мартин Шорт се заедно, а тие упорно одбиваат да признаат и бираат да бидат мистериозни.

Да ве потсетиме, во март „Page Six“ објави дека овој пар повеќе години е во врска, потпирајќи се на извор којшто рекол дека романсата ги изненадила.

Мерил и Мартин, како што пишуваат медиумите, љубовта ја спознале случајно, а актерката едноставно не можела да му одолее.

После него таа го запознала Дон Гамер со којшто поминала четири децении заедно и од кој се разделила во 2017 година.

Иако е среќна со Мартин Шорт, наводно парот нема план да се венча.

„Мерил и натаму формално е венчана за Дон, но и да се разведе, тоа не е нешто за што таа и Мартин се заинтересирани“, вели изворот, па додава: „Тие се среќни во врската“.

Пронајдете не на следниве мрежи: