недела, 15 ноември 2026
Најново

Мерц: Мали се шансите за брз крај на војната во Украина преку преговори

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има мали шанси за брзо завршување на војната во Украина преку преговори.

Мерц изјави за германските весници NBR и Rheinfalz дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц. Според него, целта на европските напори е „да се спречи руската држава воено да ја продолжи војната и да ја финансира“, објави Шпигел.

Мерц рече дека смета дека е практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат. „Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“, рече германскиот канцелар.

Поврзани вести