Лионел Меси не беше во составот на Интер Мајами во синоќешната победа на гостувањето кај Ди-Си Јунајтед (3-1) во меч од МЛС лигата, а сигурно ќе го нема ниту на претстојните две пресметки на репрезентацијата на Аргентина.
Еден од најдобрите на сите времиња го откажал настапот за „гаучосите“ на пријателските пресметки против Салвадор (23 март) и Костарика (26 март), обете закажани токму на територија на САД.
Причина за отсуството на Меси е неговата рехабилитација по повредата на мускулот, а засега единствена непознаница е дали тој ќе биде во репрезентативниот камп на Аргентина да им даде поддршка на соиграчите или, пак, ќе продолжи да се лечи во својот тим на Флорида.