Меси ќе потпише нов договор со ПСЖ, па ќе игра пријателска против Роналдо!

Шпанскиот весник „Марка“ кој меѓу првите го најави трансферот на Роналдо во Ал Наср, тврди дека двајцата најдобри фудбалери на денешницата наскоро ќе играат меѓусебен пријателски натпревар.

Се очекува брзо по пристигнувањето во Париз, Лео Меси да стави потпис на нов договор со ПСЖ, со трајност до јуни 2024 година.

Брзо потоа во некој слободен термин ќе биде организиран пријателски натпревар ПСЖ против селекција составена од фудбалери на Ал Наср и Ал Хилал.

Со тој меч треба да се прослави трансферот на Роналдо, но и потпишувањето на новиот договор на Меси со ПСЖ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.