Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) најави денеска дека Интер Мајами, клубот чиј дрес во моментов го носи, најверојатно ќе биде последен во неговата славна кариера.„Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. Да, ако денеска ме прашате каде ќе ја завршам кариерата, тоа е речиси сигурно Интер Мајами“, им изјави Меси на аргентинските новинари, кои ја посетија базата во која Аргентина се подготвува за претстојниот Копа Америка.Меси, кој пред две години ја предводеше својата Аргентина до светската титула на Мундијалот во Катар, голем дел од својата фантастична кариера ја мина во Барселона, носејќи го дресот на каталонскиот клуб од 2003 до 2021 година.Потоа се пресели во ПСЖ, а од минатата година го носи дресот на американски Интер Мајами.Меси има важечки договор со клубот од Флорида до крајот на 2025 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: