Металург во нова хумана акција

Ракометниот клуб Металург ќе ја продолжи својата хумана активност, па парите од влезниците за мечот против Вардар ПРО ќе ги донира за изградба на конаците на манастирот Трескавец.Во среда, почеток во 17.45 во спорта сала „Автокоманда“ ќе биде одигран натпревар меѓу екипите на ракометниот клуб Металург против Вардар ПРО во рамките на СЕХА Регионалната лига.Како што објавија од редовите на нашиот шампион, сите средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани за возобновување на Манастирот Трескавец кој датира од XII век, а изгоре на 4 февруари 2013 година.„Со овој потег сакаме и ние како спортски колектив барем малку да придонесеме за враќање на сјајот на овој наш културно-историска знаменитост“, се вели во соопштението од клубот.Дуелот во „Автокоманда“ утре нема резултатско значење за генералниот поредок на крајот на сезоната во СЕХА лигата, но ќе биде генерална увертира пред полуфиналето кое нашите најдобри тимови ги очекува на Ф4 турнирот од ова регионално натпреварување.
МакфаксРакометниот клуб Металург ќе ја продолжи својата хумана активност, па парите од влезниците за мечот против Вардар ПРО

Пронајдете не на следниве мрежи: