Металург ги одреди цените на влезниците за мечот со Киелце

На својата седница во проширен состав, УО на Металург донесе одлука продажбата на влезниците за четвртфиналниот натпревар против екипата на Киелце да започне в сабота, 13 април, во 12 часот, на сите продажни места на “КУПИ КАРТА ЗА СЕ“, во Скопје и низ Републиката.Металург ги одреди и цените на влезниците за овој натпревар, во зависност од зоната тие ќе се продаваат по цена од 250, 400 и 600 денари.Инаку, почитувајќи го даденото ветување, имателите на сезонските карти и овојпат ќе имаат привилегирана можност да набават влезници за местата што ги поседуваа во текот на сезоната.Како доказ, треба да ја приложат влезницата од осминафиналниот натпревар против екипата на Динамо Минск.Рокот за промена на влезниците е од понеделник (8 април), во 12 часот, до четврток, 11 април, во 24 часот.
Макфакс На својата седница во проширен состав, УО на Металург донесе одлука продажбата на влезниците за четвртфиналниот натпре

Пронајдете не на следниве мрежи: