Металург гостува кај Ловќен

Ракометарите на Металург, во среда, на Цетиње против Ловќен, ќе го одигра натпреварот од 14.коло во регионалната СЕХА лига.

Металург пред овој натпревар се наоѓа на третото место на табелата со два бода помалку од Загреб кој се наоѓа едно место погоре и четири бодови помалку од лидерот Брест Мешков. Ловќен сеуште не се откажал од шансите за пласман на завршниот турнир, црногорската екипа е на петтото место во лигата со 23 бодови, три помалку од четвртопласираниот Вардар Про. Македонскиот првак против Ловќен ќе настапи без повредените Манасков, Миркуловски и Јоновски, а на тимот треба да му се приклучи новото засилување, левото крило Давид Коразија, во  вторникот ги договори условите со Металург. Искусниот Словенец треба да биде замена за Манасков, кој на натпреварот со Сиклеборг ги повреди лигаментите на коленото, поради што веќе ја заврши сезоната. По мечот со ловќен, екипата на Металург ќе се пресели во Љубушки, каде в петок на 1.март ќе го одигра натпреварот од 18.коло против екипата на Извиѓач.
Макфакс
Ракометарите на Металург, во среда, на Цетиње против Ловќен, ќе го одигра натпреварот од 14.ко

Пронајдете не на следниве мрежи: