Металург очекува поддршка од 180 навивачи во Полска

Македонскиот ракомет првак Металург очекува на реванш натпреварот од четвртфиналето против Киелце, што ќе се игра во недела во Полска, да има поддршка од околу 180 навивачи.Имено, толку влезници доби македонскиот претставник во најелитното клупско натпреварување, што претставува реципроцитет на влезниците кои полскиот клуб ги доби за првиот натпревар одигран во Скопје.Од управата на РК Металург за Макфакс потврдија дека добиле 180 влезници и дека 60 влезници се обезбедени за групата навивачи, кои организирано ќе заминат од Скопје за Полска.Од клубот имаат најави и за патување на навивачи во сопствена режија, а интерес за мечот владее и меѓу Македонците кои живеат во Полска.Ракометарите на Металург предвидено е да отпатуваат за Киелце во петок изутрина, а до почетокот на натпреварот ќе одржат два тренинга во салата каде што ќе се игра натпреварот.Атмосферата во екипата е добра, иако проблем се повредите. Според последните информации на листата на повредени се Дарко Станиќ, Петар Ангелов, Филип Миркуловски, Велко Марковски и Дамир Батиновиќ.Најголема неизвесност е кој ќе застане на голот на Металург во недела. Конечната одлука ќе биде донесена пред почетокот на мечот, во зависност од здравствената состојба на голманите. Најверојатно три голмани ќе бидат во составот во недела, а тренерот Лино Червар пред самиот почеток на мечот ќе донесе одлука дали ќе брани Станиќ, Ангелов или пак Никола Митревски.Батиновиќ сигурно нема да настапи, додека Миркуловски и Марковски се очекува да бидат дел од составот.Металург има негатива со два гола по првиот меч во Скопје, кој заврши со резултат од 25:27.Со самиот влез во четвртфиналето од Лигата на шампионите Металург го постигна најголем успех во својата историја, но и во историјата на машкиот клупски ракомет во Македонија.
МакфаксМакедонскиот ракомет првак Металург очекува на реванш натпреварот од четвртфиналето против Киелце, што ќе се игра во н

Пронајдете не на следниве мрежи: