Металург против Киелце ќе се бори за пласман на завршниот турнир

Ракометарите на Металург во четвртфиналето во Лигата на шампиони ќе играат против ривалот во Ц групата полскиот Киелце, вака реши жрепката која се одржа во седиштето на ЕХФ во Виена.Металург до четвртфиналето стигна откако во Ц групата со скор од седум победи и три пораза го освои второто место, зад Киелце, а во осмина финалето со две победи (26:23 и 24:22) го елиминира Динамо Минск.Полскиот Киелце е единствениот тим во Лигата на шампиони кој натпреварите во групната фаза ги заврши со максимални 10 победи. Во фазата по групи Киелце двапати го совлада Металург, 23:21 во Скопје и 21:20 на домашен терен.Првиот пораз Киелце го доживеа во осминафиналето од Сегед 25:26, но благодарение на победата во реваншот од 32:27 избори пласман во Топ 8.Киелце на домашната сцена има по девет титули во првенството и во купот, додека на меѓународен план нема некои позначајни успеси – две осминафиналиња во Лигата на шампиони (2010 и 2012), четвртфинале во Купот на победници на куповите (1995) и две четврфиналиња во ЕХФ Купот (1997, 2007).Костурот на екипата која од клупата ја предводи Богдан Вента е составен од репрезентативци на Полска (Шмал, Томашек, Ткачик, Лијевски, Јурецки, Биелицки) и Хрватска (Лосерт, Бунтиќ, Муса, Чупиќ и Штрлек). Во тимот има уште тројца интернационалци: Зорман (Словенија), Стојковиќ (Србија) и Олафсон (Исланд).Четвртфинални двојки во ЛШ:Атлетико Мадрид-БарселонаМеталург-КиелцеКил-ВеспремФленсбург-ХамбургПрвите четвртфинални мечеви ќе се одиграат во периодот од 17. до 21. април, додека реваншите ќе бидат на програмата од 24. до 28.април.Победниците во четвртфиналните дуели ќе изборат пласман на завршниот турнир, кој на 1. и 2.јуни ќе се одржува во Келн.
МакфаксРакометарите на Металург во четвртфиналето во Лигата на шампиони ќе играат против ривалот во Ц групата полскиот Киелце

Пронајдете не на следниве мрежи: