Мета потврди дека опозицијата на локалните избори ќе има заеднички кандидати за градоначалници  

Лидерот на Партијата на слободата и поранешен албански претседател, Илир Мета, изјави дека опозицијата на локалните избори на 14 мај ќе има заеднички кандидати за градоначалник во секоја општина и оти „главна цел е победа на промените“. 

Додаде дека „опозицискиот фронт бил и останува отворен за оние кои не се заробени од Рама“.

-Процесот продолжува со крилото на демократите на Сали Бериша. Наша цел е триумф на промените од Тропоја до Саранда, воспоставување демократија од Тропоја до Саранда. Опозицијата ќе има само по еден кандидат во секоја општина. Имаме супер кандидати за Тирана, Елбасан и Драч. Знамето на промените ќе остане високо во Скадар.

Главната цел е победата на промените на 14 мај, да ја запре депопулацијата во земјата и да се затвори еден период, најмрачниот од локалната власт во земјата, оној на ренесансната сила(социјалистите), рече тој.

Нагласи дека „покрај безбројните скандали, во кои е потоната власта, на кои предупредува опозицијата, максимално внимание посветивме и на протестите и на изборите што доаѓаат“.

-Континуирано се среќаваме не само со лидерите на опозицијата, туку и со други целни групи и со граѓани на Тирана и на цела Албанија. На гласачките кутии се очекува ураган, порача тој.

Мета и Бериша веќе потпишаа договор за заеднички настап на изборите а бидејќи крилото на Бериша нема право да настапува како партија, неговите кандидати ќе настап под логото на Партијата на слободата.

Пронајдете не на следниве мрежи: